Connect with us

Ериксен: На совршен начин се вратив во репрезентацијата

Данскиот интернаицоналец Кристијан Ериксен се врати во репрезентацијата на пријателскиот натпревар против Холандија и постигна гол по само две минути, во првиот допир со топката, 288 дена откако преживеа срцев удар во дресот на националниот тим на Европското првенство.


Тој истакна дека е среќен што повторно е дел од репрезентацијата на Данска и со нетрпение го очекува Светското првенство во Катар.

„Среќен сум за постигнатиот гол, ова беше совршен начин да се вратам во репрезентацијата. Се радувам на Светското првенство во Катар и на животот гледам со оптимизам. Го почувствував и приемот на холандските навивачи, играв тука неколку години и ме примија преубаво, им благодарам за тоа“, изјави Ериксен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови