
Фудбалската репрезентација на Македонија во Ријека продолжи да се подготвува за пријателскиот натпревар против Хрватска, кој е закажан за 3.јуни на „Рујевица“.
Агон Елези, кој со Бохум успеа преку плејаут да обезбеди опстанок во Бундес-лигата, се приклучи на националниот тим и верува дека Македонија ќе одигра добар натпревар.
„Драго ми е што повторно сум со момците во репрезентацијата, се подготвуваме на највисоко ниво и навистина е предизвик што се соочуваме со Хрватска, селекција која беше бронзена на последното Светско првенство. Секогаш сме мотивирани кога играме за Македонија и така треба да се однесуваме и на терен. Да ги почитуваме задачите од селекторот и да се надеваме на позитивен резултат”, изјави Елези.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski