Едоардо Бове, кој колабираше за време на натпреварот меѓу Фиорентина и Рома, дал согласност да му биде вграден дефибрилатор кој ќе му помага во спречување на нов срцев удар, пренесува „Ла Република“.
По извршената интервенција, се очекува заканата за неговото здравје да биде елиминирана. Сепак, според италијанските национални насоки за спортска медицина и кардиологија, спортисти со дефибрилатор не се погодни за учество во натпреварувачки спортски активности. Ова ја поддржува претпоставката, која се појави пред нешто повеќе од 24 часа, дека е многу можно Бове да остане надвор од фудбалските терени.
Во моментот, фудбалерот се наоѓа на кардиолошкото одделение, каде што продолжува циклусот на испитувања за поставување конечна дијагноза. Тој покажува стабилизација и дури беше во можност да го следи натпреварот на Фиорентина против Емполи од Купот на Италија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лаутаро Мартинез донесе победа за Интер (ВИДЕО)
Прва лига
Струга ТЛ го декласира Башкими
Евро-фудбал
Минамино го тресна ПСЖ (ВИДЕО)













