Connect with us

Еден од нашите најдобри тренери за голмани соработник во академијата на Црвена Звезда

Црвена Звезда е балкански фудбалски гигант, кој во последните неколку години го следи и патот на најголемите европски клубови. Поранешниот европски првак од 1991 година поставува стандарди што се светлосни години далеку за сите останати во регионот. Оттаму, чест е да се соработува со Црвена Звезда, а еден од нашите најдобри тренери на голмани, Филип Ивановиќ, кој има и своја голманска академија, соработува со врвната академија на „црвено-белите“.


Тој во моментов е во Врњачка Бања и работи како дел од академијата на Црвена Звезда со генерациите фудбалери родени 2013, 2017 и 2018 година.


„Чест е да се биде дел од еден ваков проект и секако обврска да се даде максимумот. Нашата голманска академија има релации со Црвена Звезда и наши двајца голмани Лука Грчевски (роден 2009) и Сергеј Цветковски (роден 2013) веќе заминаа во академијата на српскиот гигант. Така почна соработката, а сега сме дел и од нивниот проект. Овде во Врњачка Бања се селектираат најдобрите по генерации, а потоа заминуваат на турнири во Европа и во светот. Црвена Звезда не остава ништо на случајност и сака да ги има под свое сите најталентирани млади фудбалери од регионот. Со нив се работи максимално професионално, а најдобрите секако добиваат шанса и да потпишат сениорски договор. Има такви примери и со македонски фудбалери“, вели Филип Ивановиќ.

Условите се работа се европски, квалитетот на тренинзите апсолутно модерен.

„Не треба ни да се трошат зборови за условите што ги имаат овие млади фудбалери, а стручниот надзор и работата се во најмала рака на европски ранг. На овој камп работат Марко Јеротиевиќ (генерација 2013), Душан Ристовоевиќ, Ненад Петровиќ (генерација 2017) и Пеџа Рогиќ (генерација 2018). Јас сум задолжен за работата со голманите и морам да кажам дека сум максимално задоволен, ова е искуство што секако ќе биде добредојдено, а соработката со Црвена Звезда отвора нови големи можности“, истакнува Филип Ивановиќ, кој во кариерата беше дел и од Работнички, Гостивар, работејќи со голманите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови