Connect with us

Динамо Загреб го продаде Оршиќ во Саутемптон

Динамо Загреб го продаде Мислав Оршиќ на Саутемптон. Најдобриот европски стрелец во историјата на Динамо е на лекарски прегледи, по што ќе потпише договор со последнопласираниот тим на табелата во Премиер-лигата. Англичаните на Динамо ќе му платат 6 милиони евра и уште 2 милиони преку бонуси, од кои најголем е Саутемптон да остане во лигата.


Оршиќ имаше годишна плата од 1,2 милиони евра во Динамо и за очекување е барем двојно повеќе да заработува во Саутемптон. Најплатениот играч во клубот, Џејмс Ворд-Проус, заработува 5,9 милиони евра по сезона, а само седум играчи на Саутемптон заработуваат помалку од 1,2 милиони евра по сезона.

Следниот натпревар на Саутемптон е в сабота во ФА Купот против Кристал Палас, а четири дена подоцна во Лига купот ќе игра против Манчестер Сити. Првиот нареден лигашки натпревар е на 14 јануари на гости кај Евертон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови