Connect with us

Динамо го победи Лудогорец во Разград, на чекор e до плејофот во ЛШ (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со Динамо Загреб се на чекор до пласман во плејофот за влез во групите од Лигата на шампионите. Хрватскиот првак вечерва славеше со 1-2 против Лудогорец во Разград и има голема предност пред реваншот на „Максимир“.

Дино Периќ во шестата минута донесе водство за Динамо, а само три минути подоцна беше 0-2, откако домашниот голман Серџо Пат си постигна автогол.

Лудогорец намали преку Бернар Текпетеј во 22.минута, но триумфот му припадна на Динамо Загреб.

Плзен на гости славеше против Шериф Тираспол со 1-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови