
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, денеска ги продолжи тренинзите по вчерашниот триумф над соодветната селекција на Финска во рамките на меѓународниот контролен турнир „Анталија Куп 2023″.
На 28. март, ги очекува последниот контролен дуел против селекцијата на Словачка, која е домаќин на Европското првенство 2025 година за фудбалери до 21 година.
Одличниот фудбалер на Работнички и репрезентацијата на Македонија до 21 година, Стефан Деспотовски, даде своја оценка за досегашните одиграни натпревари на нашите млади фудбалери во Белек, Турција.
„Навистина сум многу среќен што брзо и одлично успеав да се вклопам во тимот. Се осеќам како да сум со години дел од оваа репрезентација. Функционирам одлично со сите, владее одлична енергија помеѓу нас играчите. Работиме напорно и максимално на сите тренинзи, сложни сме и мотивирани. Ги слушаме совите на селекторот, тој има јасна идеја како треба да играме, се трудиме максимално на сите натпревари и тренинзи да го одиграме тоа што се бара од нас. Подготвени сме за борба и докажување. Сакаме да покажеме колку вредиме.
Против Летонија немавме свој ден. Доминиравме во текот на натпреварот, но по наши грешки дозволивме да примиме три гола. Успеавме брзо да ги консолидираме своите редови, тоа го докажавме на дуелот со силната репрезентација на Финска. Одигравме цврст натпревар, со голема борба, пожртвуваност и трчање. Благодарение на тој пристап, на крајот излеговме како победници на тој тежок меч.
Останува уште последната средба против Словачка во овој подготвителен период. Сакаме да одиграме уште еден квалитетен натпревар и со победа да ги заокружиме овие подготовки во Белек.”

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
