Connect with us

Дербито Интер – Рома одложено за недела поради погребот на Папата Франциск

Дуел меѓу Интер и Рома официјално е одложен за недела, 27 април, поради прогласениот национален ден на жалост за погребот на Папата Франциск. Ова се случува и покрај шпекулациите дека раководството на Серија А можеби ќе направи исклучок и ќе го задржи натпреварот во сабота, за да не ги лиши „нероаѕурите“ од драгоцено време за одмор пред нивниот дуел од Лигата на шампионите против Барселона.

Италијанскиот министер за цивилна заштита и морска политика, Нело Мусумечи, во вторникот наутро објави дека саботните натпревари нема да се одиграат, откако беше потврдено дека погребот на папата Франциск, кој почина во понеделникот, ќе се одржи истиот ден во Рим. Тоа значеше одложување на трите натпревари од 35. коло во Серија А, закажани за тој ден: Комо–Џенова, Интер–Рома и Лацио–Парма.

Сепак, одлуката предизвика дебати, особено околу можноста натпреварот на Интер да се презакаже за недела, што би значело значително пократок период за опоравување пред првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона, закажан за среда, 30 април.

Сепак, ситуацијата се промени синоќа, кога Серија А официјално објави дека натпреварот Интер–Рома ќе се одигра во недела со почеток во 15 часот.

Натпреварот Комо–Џенова исто така беше одложен за недела (почеток во 12:30 ч.), додека Лацио–Парма ќе се игра во понеделник (почеток во 20:45 ч.).

Со оглед на тоа што оваа и следната недела на Интер му претстојат клучни дуели од Лигата на шампионите против Барселона и дербито „Дела Мадонина“ во Купот на Италија, кое се игра вечерва, се шпекулираше дека Интер може да побара нивниот натпревар со Рома да се презакаже за друг викенд – потенцијално дури и во средината на мај.


Но, Серија А го отфрли тој предлог, сметајќи го за штетен по интегритетот на лигата – особено затоа што Интер и Наполи во моментов имаат ист број бодови на врвот на табелата.

Конечната одлука значи дека ќе има 78 часа меѓу почетокот на натпреварот Интер–Рома и нивниот натпревар од Лигата на шампионите како гости против Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови