Директорот на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија, Дени Масев, е приведен во полициска акција, пренесува „Слободен печат“.
Според информации од весникот, Масев се наоѓа во затворот Шутка, а неофицијално неговото приведување е поврзано со групата на Раде Трајковски – Штекли, кој претходно беше уапсен под сомнение за трговија со дрога. Масев се врати на функцијата во јануари, но засега нема официјални информации од обвинителството за точните причини за неговото приведување.
Масев е разрешен од позицијата спортски директор на А-тимот. Одлуката била донесена непосредно пред заминувањето на репрезентацијата за Лихтенштајн, во пресрет на квалификациите за Светското првенство 2026.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













