Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Oсман Дембеле, ја нагласи важноста од емоционална стабилност кај играчите на ПСЖ пред вечерашното финале во Лигата на шампионите против Интер.
„Како што сум рекол и претходно – многу сме горди што сме дел од ова финале. Работевме напорно и успеавме да ја смениме динамиката на сезоната. Интер е тим што игра физички и знае да се брани добро, па ќе мора да ја ‘смириме бурата’ што тие може да ја создадат“, изјави Дембеле.
Францускиот офанзивец нагласи дека концентрацијата и психолошката подготовка ќе бидат клучни.
„Мораме да бидеме сериозни од првата до последната минута, бидејќи секоја грешка може да не чини скапо. Исто така, многу е важно да ги контролираме емоциите. Сите сме возбудени – тоа е нормално, сепак се работи за финале. Но, цела недела си повторуваме дека мораме да останеме смирени, фокусирани и да играме со насмевка на лицето. Ќе мора да се справиме со тие емоции – тоа е еден од клучните елементи во ваков натпревар.“
На прашањето дали размислува за индивидуални награди, Дембеле одговори:
„Најважно како играч на ПСЖ е да победуваш – особено во Лигата на шампионите. Понекогаш помислувам на индивидуални признанија, но сè ми е насочено кон тимот. Сè друго е споредно.“
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













