Connect with us

Дембеле останува на „Камп Ноу“ до 2024 година

Преговорите меѓу Барселона и Осман Дембеле траеја долго, францускиот офанзивец беше без клуб од почетокот на јули, медиумите го испратија во Челси и во Пари Сен Жермен, но денеска се е решено. Осман Дембеле потпиша нов договор со Барселона и ќе остане на „Камп Ноу“ до 2024 година.


Останувањето на Дембеле беше голема желба на тренерот Чави Хернандез, кој 25-годишниот фудбалер го гледа како еден од лидерите на тимот во наредните сезони.

Дембеле дојде во Барса во 2017 година од Борусија Дортмунд во трансфер вреден неверојатни 140 милиони евра, но досега не успеа да ја оправда инвестицијата.

Французинот одигра преку 100 натпревари во Ла Лига, постигна 19 гола и додаде 27 асистенции, но од него се очекува(ше) многу, многу повеќе.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови