Connect with us

Делио Роси нов тренер на Несторовски и Трајковски

Македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски добија нов тренер. Палермо го именуваше Делио Роси на тренерската позиција, откако клубот се раздели со Роберто Стелоне по ремито со последнопласираниот тим во Серија Б, Падова. 

Делио Роси се враќа во Палермо по осум години, последен пат го водеше во периодот од 2009 до 2011 година кога имаше одлични резултати, пласман во Лигата на Европа и во финалето на Купот на Италија. Сега клубот се обидува да избори пласман во италијанската елита.         

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови