Connect with us

Де Бруин: Уживав неверојатно многу во секој момент на „Етихад“ и учев од тешките времиња

Легендарниот Кевин Де Бруин синоќа го одигра последниот меч за Манчестер Сити на „Етихад“. Тој ги напушта „граѓаните“ на крајот од сезоната, а цела деценија беше дел од овој клуб.

„Малку е чудно. Да се поминат 10 години тука беше неверојатно. Имав прекрасно време, неверојатен притисок“, започна Де Бруин.

Натпреварот беше од големо значење за фудбалерот и тој сигурно ќе го памети по добро, бидејќи „граѓаните“ победија со 3-1 и направија голем чекор кон пласман во Лигата на шампионите.

„Сакам да им носам радост на луѓето, да играм офанзивен и креативен фудбал – тоа сум јас на теренот – и сакам да се забавувам. Мислам дека се забавувавме многу во овие 10 години. Понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Убаво беше да се работи толку напорно и да се направи нешто за овој клуб, што го направи многу подобар отколку што беше претходно. Многу сум горд“, изјави Де Бруин.

Белгиецот зборуваше и за пропуштената шанса да постигне гол.

„Реков дека едноставно морам да го направам тоа, мора да се случи. Ужасно е. Нема изговори. Мојот син ќе биде многу строг со мене“, додаде Де Бруин.

На крајот, фудбалерот даде и резиме за изминатите десет години кои ги помина во тимот на „небесно-сините“.

„Верувам дека животот и кариерата се патување. Имаше многу подеми и падови. Треба да се живее во моментот и да се ужива. Уживав неверојатно многу во секој момент и учев од тешките времиња. Беше неверојатно“, заврши Де Бруин.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови