Белгија ја пропушти можеби и последната шанса на оваа „златна генерација“ предводена од Еден Азар, Кевин де Бруин и Ромелу Лукаку, да се искачи на врвот на Европа. Италија беше подобра и ја совлада со 2-1 во Минхен пласирајќи се во полуфиналето на Европското првенство.
Кевин де Бруин вели дека тој и соиграчите се разочарани од исходот.
„Секако, разочарани сме, но мора да бидеме јасни, знаевме дека ќе биде тежок турнир, бидејќи имаше многу елементи и параметри кои ’играа’ против нас. Повредите на Еден и на Тимоти, Аксел кој го нема вистинскот ритам…Имавме премногу проблеми за да бидеме 100%. Јас лично не бев 100%. Се бориме до крај. Во првото полувреме Италија беше подобра, иако можевме да го отвориме резултатот. Во второто полувреме имавме шанса да израмниме на 2-2. Луѓето ќе бидат разочарани, жал ни е што завршиме вака“, изјави Кевин де Бруин.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski