
Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов, кој во последните две сезони настапува за Тиквеш, упати јавна порака до претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, истакнувајќи дека главната болка на македонскиот фудбал е лошата инфраструктура и очајните терени на кои се играат натпреварите од Првата лига.
„Почитуван претседателе, фала за вашите зборови за новата сезона 2024/25. Првпат пишувам за овој проблем, но мислам дека крајно време е да се реагира. ФФМ да ги направи фудбалските терени барем за играње натпревари како што наликува за едно првенство, но и да се одржуваат што е најбитната работа после поставување и правење терен. Мое мислење е дека досега откако имаше направено терени не се знаеше доволно да се одржуваат. Мислам дека ФФМ треба да ги преземе под своја контрола терените и да ги одржува како што наликува да биде еден фудбалски терен! Само еден или два фудбалски терени преку целата година се на едно добро ниво, а другите сѐ повеќе наликуваат на сѐ освен на фудбалски терен! Ова денес освен теренот во Струмица, сѐ друго не личеше на терен! Ова го пишувам со една добра намера за да има напредок во фудбалот во нашата држава“, објави Даниел Мојсов на социјалните мрежи.
ФФМ во изминатиот период реновираше неколку терени на стадионите ширум Македонија, но нивното одржување не беше на потребното ниво.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал влегува во трка за трансферот на Родриго
