
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судскиот процес против организирана криминална група обвинета за набавка и продажба на наркотични средства, а меѓу обвинетите се наоѓа и Данчо Масев, поранешен македонски репрезентативец и до неодамна спортски директор на фудбалската репрезентација.
Масев признал вина за делото за кое е обвинет, при денешното појавување пред судот. Обвинителството за организиран криминал поднесе обвинение против вкупно 10 лица, од кои седум претходно склучиле спогодби и добиле казни од 3 до 3,5 години затвор.
Според обвинителниот акт, групата делувала структурирано и организирано, со јасно распределени улоги, а дрогата се продавала по цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана.
Масев беше уапсен во март, додека ја извршуваше функцијата спортски директор на А-репрезентацијата. Веднаш по апсењето, Фудбалската федерација на Македонија го разреши од функцијата.
Судот донесе одлука постапката за Масев да се одвои, а на наредното рочиште ќе биде изречена и пресудата за него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум граби напред, Башкими успеа да го сопре Вардар, а Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум е во фантастична низа од седум победи во осум натпревари и...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У-18 ремизираше (2-2) со Словачка
