Фудбалската репрезентација на Македонија утревечер (19 часот) на „Рујевица“ во Ријека ќе одигра пријателски натпревар против Хрватска, која се подготвува за настап на Европското првенство. Селекторот Златко Далиќ сѐ уште го нема на располагање комплетниот состав, со оглед дека Лука Модриќ синоќа со Реал Мадрид играше во финалето на ЛШ.
Откри дека стартер ќе биде Иван Перишиќ, а Македонија треба да биде нивна подготовка за мечот против Албанија на ЕВРО 2024.
„Одработивме пет тренинзи, немам замерки, само посакувам момците да продолжат во таков ритам. И да се избегнат повреди, тие работат многу добро, полни се со мотивација, секој тренинг е сѐ подобар. Респект за Македонија, ја замисливме како преднатпревар за ЕВРО 2024, повеќе кон Албанија гледаме како да играме, понапаѓачки, со повеќе напаѓачи. Тоа е нашата цел, ќе им дадеме шанса на 16 играчи, некои ќе одмориме, некои нема да стартуваат, некои нема ни да играат. Нема да го користиме ниту Влашиќ иако е во добра состојба. Можам да кажам дека Перишиќ ќе биде стартер, да видиме во каква состојба е, инаку тренира одлично“, изјави Златко Далиќ.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Матео Ковачиќ, по стоти пат ќе игра за Хрватска.
„Стотиот натпревар меч на Ковачиќ е голема работа. Утре пристигнуваат Брозовиќ и Пашалиќ, во вторник доаѓа Лука Модриќ, се надевам сите ќе бидат подготвени. Потоа фокусот ќе биде на Португалија и сѐ што ни следи“, изјави хрватскиот селектор.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













