Connect with us

Челси се интересира за Нејмар

И покрај неизвесноста околу промената на сопственоста, Челси летово ќе биде многу активен на трансфер пазарот. Лондончани ќе мора целосно да ја обноват одбраната, но тоа не значи дека не бараат офанзивни играчи.


Според „ЕСПН“, на „Стемфорд Бриџ“, се разгледува можноста за ангажманот на Нејмар.

Интересот на Челси за бразилскиот репрезентативец датира одамна, но сега е зголемен поради информациите дека Пари Сен Жермен сака да се раздели со него. Идејата на парижаните е составот да го градат околу помлади фудбалери, но самиот Нејмар нема намера да го напушти „Паркот на принцовите“ и сака да го исполни до крај својот договор.

За Нејмар има интерес и од Њукасл, кој има нови богати сопственици кои ќе вложат многу во тимот ова лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови