Connect with us

Чави: Судијата беше катастрофален, буквално тој нѐ елиминираше

Барселона имаше одличен резултат по првиот меч во Париз, но дома загуби од ПСЖ (1-4) и доживеа елиминација во четвртфиналето на Лигата на шампионите.


Колата на Чави тргна удолу во 29.минута кога Араухо доби директен црвен картон, па неговиот тим остана со фудбалер помалку и не можеше да го издржи брзиот ритам на ПСЖ. Во второто полувреме дури и Чави беше исклучен откако покажа огромна нервоза и шутираше реклами на Лигата на шампионите крај аут-линијата.

Стратегот на Барселона после натпреварот изјави дека судијата го уништил натпреварот и е главен виновник за елиминацијата на Барселона.

„Му реков на судијата дека одлуката да го исклучи Араухо е лоша. Му реков дека не ја разбира играта. Дека тоа беше катастрофа. Не би сакал да зборувам многу за судиите, но таа одлука го реши победникот. Елиминирани сме поради таа одлука. Барселона ќе се обиде повторно. Одигравме многу добра сезона. Тешко е да се игра со 10 играчи против ПСЖ. Штета што работата ни заврши само поради една одлука. Сакав да играм со Енрике 11 на 11. Додека бевме рамноправни, натпреварот беше сосема поинаков. Бевме одлични“, изјави Чави.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови