Connect with us

Чаби Алонсо сака да го размени Родриго за Флоријан Вирц

Реал Мадрид покажува интерес за ангажман на офанзивниот играч на Ливерпул, Флоријан Вирц, објавуваат британските медиуми.

Тренерот на „кралскиот клуб“, Чаби Алонсо, одлично ги познава квалитетите на Вирц, со кого соработуваше за време на неговиот престој во Баер Леверкузен.

Според информациите, Реал Мадрид размислува да му понуди на Ливерпул размена на играчи, во која би бил вклучен Бразилецот Родриго.

Родриго во последно време нема доволно минути на теренот и не е редовен стартер кај Алонсо, поради што раководството на Реал е подготвено да го вклучи во потенцијален трансфер оваа зима.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови