Connect with us

Чаби Алонсо: Имавме доволно шанси, но ни недостигаше прецизност

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, не беше целосно задоволен по ремито 1-1 против Џирона. Тој смета дека неговиот тим создаде доволно шанси за да го добие овој натпревар, но недостигаше прецизност во завршницата.

„Особено во второто полувреме имаше напредок; притискавме и создадовме повеќе шанси. Имавме доволно ситуации за да победиме, но ни недостигаше прецизност. Тоа што не победивме… па, тука сме, сè е многу израмнето, сезоната е долга и треба да продолжиме“, започна Алонсо.

Тој ја прокоментира и ситуацијата во која можеше да биде досуден пенал поради прекршок врз Родриго.


„Не ја видов, но ми рекоа дека требало да биде прегледана од ВАР поради контактот. Изненадувачки е… но ќе треба да ја погледнеме. Тоа се клучни ситуации кои можат да го одредат исходот на натпреварот“.

По уште еден неуспех, Реал Мадрид му го препушти врвот на Барселона.

„Во текот на сезоната има различни фази. Имаше периоди, особено на почетокот, во кои бевме константни. А во последните натпревари… Второто полувреме беше многу подобро од првото. И можевме да направиме пресврт. Тимот покажа желба да го надмине резултатскиот дефицит. Но ни недостасуваше ефикасност… имавме три-четири многу чисти шанси во шеснаесетникот за да постигнеме втор гол и да победиме. Но мора да продолжиме со барањата што ги носи играњето за Реал Мадрид. А сезоната е многу долга. Тимот покажа желба да го сврти натпреварот“, додаде стратегот.

„Ми се допадна реакцијата; не беше доволна, но бевме блиску. Треба да продолжиме со единството што го имаме, со доволна и неопходна самокритика. Со желба да победуваме на гости, нешто што често ни претстои според распоредот. Во среда имаме нова можност во Билбао. Па, ќе видиме“, заврши Алонсо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови