Во пресметката против Работнички, Шкендија влегува по пораз од Дрита во Приштина во Лигата на Конференции. И покрај тоа, мислите на шампионот се само победнички. Три бода добро ќе ги „залечи раните“ од тој пораз, и она што е најважно, шампионот ќе ја продолжи потерата по водечките два тима Струга ТЛ и Вардар, кои претходно ги совладаа своите ривали Башкими, односно Шкупи.
Во таборот на Шкендија владее оптимизам дека после поразот од Арсими од 3-0, тимот ќе се врати на победничките патеки и ќе дојде до десеттиот триумф во сезоната.
„Влегуваме во овој натпревар после пораз од Дрита во Лигата на Конференции. Во фудбалот има и победи, и порази, и сега мораме да гледаме напред. Ќе мораме да го дадеме максимумот против Работнички. Фокусирани сме максимално на овој натпревар, подготвени сме и физички и психолошки, и мораме да го дадеме својот максимум. Го респектираме секој противник, така и Работнички, меѓутоа наша задача ќе биде да се фокусираме само на три бода, и да се израдуваме себе и навивачите“, рече левиот бек на тетовскиот тим Нуман Ајети.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја оствари најубедливата победа во осмото коло откако со 6-0 го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга ТЛ)
Потсети дека некогаш беше и македонски репрезентативец. И сѐ уште има раскошен репертоар на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Дани Карвахал ќе потпише за Хетафе
Евро-фудбал
Рафиња потпишува нов договор со Барселона
Млади репрезентации
Младите фудбалери поразени од Шведска













