Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, ја нагласи важноста од освојување на финалето во Лига Европа против Тотенхем.
„Мислиме само на Лига Европа, бидејќи овој турнир може да биде успешен за нас. Целта ни е да стигнеме до самиот крај во секој турнир, како и да освојуваме трофеи. Не размислувам за тоа дали ќе бидам еден од капитените на клубот кои освоиле трофеј во Европа. Важно е трофејот да го донесеме во Манчестер. За нас е многу важно и да се пласираме во Лигата на шампионите. Менаџерот беше многу јасен во врска со тоа. Сакаме да бидеме на врвот во сè и целосно сме посветени на тоа. Знаеме дека не е секогаш можно да се стигне до финале и да се освојуваат трофеи. Но, нашата цел е да стигнуваме до крајот на турнирите и да ги освојуваме“, изјави Бруно Фернандеш.
За двете екипи ова е шанса да стигнат и до Лигата на шампионите, и покрај тоа што имаат очајна сезона во Премиер – лигата.
„Не очекува голем натпревар, големо финале, голема шанса. Секој натпревар во кој имаш можност да освоиш трофеј е од огромно значење. Освен тоа, секој меч за овој клуб е огромен. Манчестер Јунајтед е толку голем што една недела можеш да бидеш херој, а следната си никој. Само сакаме да го освоиме трофејот. Тоа нема да го промени минатото, но може да влијае врз иднината. Освојувањето на турнир носи многу работи. Во овој случај, добиваш место во Лигата на шампионите, како и приходи за клубот“, изјави Фернандеш на прес-конференцијата на Јунајтед пред финалето во Билбао.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчини го презеде катарскиот Ал-Сад
Евро-фудбал
Конте неочекувано си земал одмор од Наполи
Млади репрезентации
Ангелов пред дуелот со Шведска: Да извлечеме максимум од нашите можности
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија













