Манчестер Јунајтед со голема мака стигна до победа од 3-2 против Барнли во второто коло од Премиер – лигата. „Црвените ѓаволи“ двапати водеа, но гостите секогаш се враќаа во игра, сè до последните секунди од мечот.
Кулен во 27. минута постигна автогол за 1-0, а Фостер израмни на 1-1 во 55. минута. Само две минути подоцна Мбеумо повторно донесе водство на Јунајтед, но Ентони во 66. минута погоди за ново израмнување – 2-2.
Кога изгледаше дека Барнли ќе си замине со бод, ВАР интервенција длабоко во судиското надополнување донесе пенал за домаќините. Бруно Фернандеш во 90+7 минута беше прецизен од белата точка и ја донесе драматичната победа на Јунајтед.
Борнмут оствари минимална, но голема победа против Тотенхем (0-1). Гостите доминираа во текот на целиот натпревар, создадоа двоцифрен број шанси, а триумфот им го донесе раниот гол на Еванилсон уште во 5. минута.
Возбудлив натпревар се одигра и на „Молинју“. Евертон на Дејвид Мојс славеше со 2-3 против Вулверхемптон во меч со пет гола. За „карамелите“ стрелаа Бето, Ндаје и Друзбери-Хол, додека за „волците“ погодија Хванг и Лопез Гонзалез.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













