
Репрезентативецот на Велс, Дејвид Брукс, кој во последните моменти го спаси својот тим од пораз против Македонија, смета дека неговата селекција не заслужила да остане без бодови во Скопје.
Натпреварот заврши со 1-1, а драмата се одвиваше во самиот финиш – прво, Бојан Миовски ѝ донесе водство на Македонија во првата минута од судиското надополнување, но Брукс возврати со израмнувачки погодок буквално во последните секунди.
„Ова беше навистина тежок натпревар. Гостувањата на вакви терени секогаш носат предизвик. Нашиот легендарен играч направи мала грешка, а тимот сакаше да му помогне. Благодарен сум што јас го постигнав голот. Заслуживме можеби и повеќе, но на крајот мора да го прифатиме бодот, знаејќи колку бевме блиску до пораз. Македонија ќе имаше многу среќа ако освоеше три бода“, изјави Брукс, кој настапува за Борнмут.
По првите две кола, Македонија и Велс имаат по четири бода, Казахстан три, а Лихтенштајн е без бодови. Белгија, која е дел од оваа квалификациска група, не одигра натпревар во овој мартовски циклус.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
