Манчестер Сити имаше предност, но на крајот беше поразен со 2-1 на гостувањето кај Брајтон. Сценариото речиси целосно се повтори како минатата сезона, кога тимот на Пеп Гвардиола исто така загуби од истиот противник.
Ерлинг Халанд го отвори резултатот во 34. минута, токму на својот јубилеен 100-ти настап во Премиер лигата.
Сепак, Брајтон имаше моќен финиш. Ветеранот Џејмс Милнер израмни од пенал во 67. минута, а Брајан Груда во 89-тата се погрижи за комплетен пресврт.
Вест Хем конечно ја запиша првата победа оваа сезона, и тоа на гости кај Нотингем Форест, триумфирајќи убедливо со 0-3.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













