Connect with us

Борусија Дортмунд го сака Дониел Мален како замена за Санчо

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд веднаш сака да ја доведе замената за Џејдон Санчо кој за 85 милиони евра прави трансфер во Манчестер Јунајтед. Холандскиот интернационалец Дониел Мален треба да биде наследникот на Санчо. За него “милионерите” се подготвени да платат 40 милиони евра.

Тотенхем и Арсенал исто така се заинтересирани за ангажман на Мален. Сепак, раководството на Борусија Дортмунд се надева дека може да реагира побрзо и да го доведе во Бундес – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови