
Борусија Дортмунд ја оствари својата цел и обезбеди пласман во Лигата на шампионите, откако во последното коло од Бундеслигата славеше со убедливи 3-0 над Холштајн Кил.
На „милионерите“ им одеше во прилог и поразот на Фрајбург од Ајнтрахт Франкфурт, кој победи на гости со 1-3. Така, заедно со Баерн Минхен и Баер Леверкузен, Дортмунд ќе биде дел од елитното натпреварување на УЕФА следната сезона.
Борусија Дортмунд го запечати триумфот со головите на Гираси, Сабицер и Нмеча, носејќи огромна радост на навивачите кои беа презадоволни од настапот на своите миленици.
Фрајбург обезбеди учество во Лига Европа. Шампионот Баерн Минхен без мака победи на гостувањето кај Хофенхајм со 0-4.
Чаби Алонсо ја заокружи својата работа во Баер Леверкузен со уште еден рекорд. „Фармацевтите“ со ремито 2-2 на гости против Мајнц стигнаа до рекорд од 34 мечеви без пораз на гостувањата.
Во битката за опстанок сите екипи загубија, но се спасија Хофенхајм и Сент Паули. Во бараж оди Хајденхајм, додека од лигата испаѓаат Холштајн Кил и Бохум.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана (ВИДЕО)

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
