Македонскиот прволигаш Борец денеска замина на десетдневни подготовки во турскиот туристички центар Анталија каде ќе ја реализира следната фаза наменета за воигрување на тимот и одигрување пријателски натпревари.
Во Анталија Борец ќе одигра четири пријателски натпревари.
Новост во тимот е засилувањето Октај Ракипи кој доаѓа од Шкендија и Гордан Здравков нов член во стручниот штаб.
Борец пред заминувањето за Анталија имаше проверка против тимот на Македонија ЃП и победи со 4-0, со головите на Нехар Садики, Џемаил Ибрахимовиќ, Александар Ѓоргиевски и на Крста Ѓорѓевиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













