Борец загуби од Шкендија со 0-2, но прволигашот од Велес за жали дека сите судиски одлуки на овој меч биле на нивна штета. Не беше досуден пенал за Борец, а на спротивната страна, судиско убедување и пенал за Шкендија.
„Интересен првенствен натпревар во кој за жал нашиот тим изгуби многу важни бодови во борбата за горниот дел од табелата…
Мораме да потенцираме дека сите спорни ситуација беа судени на наша штета…
На ова слика поништен ни е гол за израмнување на резултатот а додека на сличен начин во ‘82мин доста дискутабилна ситуација во која судијата допушта игра и примаме гол…
Кога на сето тоа ќе се додаде и несанкционирањето на играта со рака на противничкиот играч во својот 16-ник и досудениот пенал против нас кој е судиско убедување…
Се надеваме дека во иднина ќе се обрне повеќе внимание за намалување на грешките за поголем напредок и поквалитетен фудбал на македонските терени“, истакнуваат од ФК Борец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Прва лига
Македонија ЃП добива нови сопственици













