
Светскиот шампион со Франција од 2018 година, Н’Голо Канте, би можел да се пресели во Атлетико Мадрид. Според неколку доверливи извори од Шпанија, Французинот е подготвен значително да ги намали своите финансиски барања за да се вклопи во буџетот на мадридскиот клуб.
Атлетико Мадрид веќе остварил важни контакти со претставникот и братот на францускиот фудбалер, и му објаснил дека Диего Симеоне го гледа Канте како идеално засилување за средниот ред.
Истовремено, се споменува дека Атлетико не се откажува од Конор Галагер и има намера да ги доведе и двајцата фудбалери во своите редови.
Канте моментно е член на Ал-Итихад, но по неговите одлични настапи на неодамнешното Европско првенство, повторно привлече големо внимание кај европските гиганти.
Атлетико Мадрид веќе ги ангажираше Робин Ле Норман, Хулијан Алварез и Александар Сорлот, па ова лето би можело да биде успешно на трансфер пазарот за клубот од Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
