Connect with us

Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Џирона продолжува да тоне во Ла Лига и запиша нов пораз, овојпат на домашен терен од Бетис со 1-3, во натпревар од 32. коло. Гостите од Севилја доминираа во првото полувреме и буквално го решија натпреварот уште пред паузата.

Џони Кардосо го отвори резултатот, Антони го зголеми водството, а потоа Иско со прекрасно изведен удар го постави резултатот на 0-3 до полувремето.


Џирона не успеа да се снајде и направи бројни грешки во средниот ред, што Бетис безмилосно ги казни.

Во второто полувреме, домаќините се обидоа да се вратат во игра, но единствено што успеаја беше почесен погодок преку ветеранот Кристијан Стуани во 86. минута.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не доби шанса од тренерот Мичел, проследувајќи го целиот натпревар од клупата за резерви.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови