
Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентанкур, сподели позитивни информации за својата состојба по инцидентот во првото полуфинале против Ливерпул во Лига купот. Тотенхем победи со 1-0 благодарение на голот на Лукас Бергвал во финишот од мечот.
Бентанкур беше изнесен на носилки помалку од четвртина час по почетокот на натпреварот. Тој се обиде да игра со глава по нафрлување од корнер, но лошо падна и не можеше да стане. По околу осум минути, медицинскиот тим на Тотенхем го изнесе Уругваецот. Подоцна клубот соопшти дека Бентанкур е свесен, зборува и ќе биде пренесен во болница на прегледи.
„Сè што знам е дека беше свесен кога го напушти теренот и беше пренесен во болница за прегледи. Станува збор за повреда на главата, што предизвика загриженост кај играчите“, изјави менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, по завршувањето на натпреварот.
Самиот Бентанкур ги успокои навивачите преку порака на Инстаграм.
„Сè е во ред, луѓе! Ви благодарам за пораките! Честитки за победата, момци“, истакна Уругваецот.
🚨| Rodrigo Bentancur on Instagram 🙌🤍 pic.twitter.com/GPpk9GC1EY
— The Spurs Express (@TheSpursExpress) January 9, 2025

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
