Connect with us

Бенфика одбила 100 милиони евра од Њукасл за Енцо Фернандез

Њукасл испратил понуда од 100 милиони евра за аргентинскиот играч за врска на Бенфика, Енцо Фернандез, тврди „А Бола“. Непосредно пред Божиќ излезе информација дека португалскиот клуб одбил слична понуда за една од ѕвездите на новиот светски шампион.


Ливерпул е заинтересиран за Фернандеш, но „црвените“ допрва треба да достават понуда за играчот од средниот ред. Сепак, првата понуда пристигнала од Њукасл и таа е одбиена.


Бенфика е категорична дека нема да го пушти Енцо Фернандез да замине за помалку од неговата ослободителна клаузула од 120 милиони евра.


За Аргентинецот заинтересирани се и Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови