Connect with us

Белгијците во страв пред Италија: Ќе можат ли да играат Азар и Де Бруин?

Во Минхен ќе се одигра можеби најинтересната четвртфинална пресметка на Европското првенство меѓу Белгија и Италија. Она што најмногу буди интерес секако е информацијата дали „црвените ѓаволи“ ќе можат да сметаат на двете најголеми ѕвезди, капитенот Еден Азар и Кевин де Бруин.


Двајцата се повредија на мечот со Португалија и над нив виси голем прашалник за мечот на „Алијанц Арена“.

„Шансите да се појават на теренот се 50 проценти“, изјави селекторот Роберто Мартинез.


Азар и Де Бруин не го одработија последниот тренинг пред Италија, што веднаш го крена алармот кај сите дека речиси сигурно ќе го пропуштат мечот. Тоа би бил голем удар за Белгијците.


Доколку Азар и Де Бруин не можат да бидат во почетниот состав треба да бидат заменети со Јаник-Фереира Караско и со Дрис Мертенс.


Натпреварот меѓу Италија и Белгија е закажан за в петок на „Алијанц Арена“, со почеток во 21 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови