Тибо Куртоа нема да биде дел од белгиската репрезентација за натпреварот против Македонија на 6 јуни на „Тодор Проески Арена“ во Скопје, откако се здоби со повреда за време на настапите со Реал Мадрид.
„Кралскиот клуб“ потврди дека голманот ќе отсуствува околу една недела, што значи дека селекторот Руди Гарсија ќе мора да најде алтернатива на голманската позиција за првиот натпревар од јунскиот репрезентативен прозорец.
Натпреварот се игра в петок, со почеток во 20.45 часот, и е еден од важните дуели во групата. За Белгија тоа ќе биде и старт на квалификациите, а ќе мораат да играат без Тибо Куртоа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













