Connect with us

Белерин го напушта Арсенал и доаѓа во Бетис

Шпанскиот интернационалец Хектор Белерин конечно ќе го напушти Арсенал. Тој подолг период бараше солуција за да замине од „Емирати“, беше во преговори со Интер и со Милан, се споменуваше дури и Атлетико Мадрид, но на крајот ќе заврши во Бетис.

Белерин ги договори сите детали околу трансферот во Бетис и се очекува до крајот на денот и официјално да потпише договор со амбициозниот клуб од Севилја.

Шпанецот од 2013 година го носи дресот на Арсенал откако пристигна од младинската школа на Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови