
Фудбалската репрезентација на Велс пристигна во Скопје пред вечерашниот официјален тренинг и одржа прес-конференција пред утрешниот натпревар со Македонија, кој е втор во квалификациите за СП 2026. Селекторот на Велс, Крег Белами, изрази сочувство за трагедијата што ја зафати Македонија, нагласувајќи дека Велс ја разбира болката на земјата и народот.
„Прво, сакам да изразам сочувство на семејствата на жртвите од трагедијата во Македонија. Се знае низ што поминува земјата и народот, ние во Велс сме имале слични искуства. Жалиме со вас заради оваа ситуација. Во вакви моменти тешко е да се зборува за фудбал. Македонија е голем предизвик, а лигата Ц е поинаква од лигата Б. Ми се допадна играта на Македонија против Хрватска, контранападите им се силна страна и сигурно ќе имаме интересен натпревар. Плус, Македонија ќе биде многу мотивирана“, изјави Белами.
На прес-конференцијата беше присутен и фудбалерот Бен Дејвис, кој исто така ги изрази своите почит и свесност за ситуацијата.
„Како тим сме свесни за трагедијата која се случи во Македонија. Разговаравме за тоа и покажавме максимална почит. Освоивме три бода против Казахстан и имавме добар старт на квалификациите, но има области кои треба да ги подобриме. Се надеваме на добар натпревар во Скопје. Направивме анализа на играта на Македонија, тимот има силни контри. Ќе треба да внимаваме и на нивните опасни индивидуалци“, изјави Дејвис.
Натпреварот помеѓу Македонија и Велс ќе се одигра утревечер со почеток во 20:45 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Реал Мадрид тргнува и по новиот шпански бисер
