Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек и е понуден на Барселона. Каталонските медиуми повторно пишуваат за потенцијални замени за повредениот Гави, кој ја заврши сезоната.
Претходно се споменуваа Тијаго Алкантара и Џовани Ло Селсо, а сега се појави и името на холандскиот интернационалец. Тој целосно падна во втор план и кај третиот менаџер на Манчестер Јунајтед, а не успеа да се опорави ниту на позајмица во Евертон.
Барселона верува дека би бил потребен уште еден играч од средниот ред во ротацијата додека Гави е повреден, но се сомневаат дека Ван де Бек е најдоброто решение.
Холанѓанецот е надвор од форма, нема играно со месеци, иако во еден период навистина изгледаше како совршен играч за системот на Барса поради неговите карактеристики.
Тој оваа сезона забележа само два настапи и помина само 21 минута на теренот, па јасно е што мисли за него Ерик тен Хаг, а во зимскиот преоден рок речиси сигурно ќе го напушти Манчестер.
Ван де Бек пристигна во Манчестер Јунајтед за 40 милиони евра кои секако не ги оправда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













