
Навивачите на Барселона сè уште се во еуфорија по победата над лутиот ривал Реал Мадрид во Купот на кралот, а утрово ги израдува и веста дека нивниот клуб за летниот преоден рок подготвува големо засилување.
Шпанска „Марка“ објави дека челниците на Барселона работат со полна пареа околу летните трансфери и дека веќе е јасно кој ќе биде приоритет за засилување.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Barcelona are planning a surprise move to sign Julián Alvarez from Atlético Madrid to replace Robert Lewandowski.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 27, 2025
(Source: MARCA)
🤔 𝗗𝗘𝗕𝗔𝗧𝗘: How much do you think he'd cost? pic.twitter.com/GRNSY4pI2W
Барселона сака да го засили нападот и да донесе фудбалер кој ќе биде конкуренција за Роберт Левандовски, но и долгорочно решение во шпицот на нападот. Изборот паднал на Хулијан Алварез, кој ќе биде примарна цел на клубот ова лето.
Во корист на Барселона оди и фактот дека Алварез не е задоволен од ситуацијата во Атлетико Мадрид, каде што очекуваше борба за трофеи, нешто што сезонава не се случи.
Иако само пред почетокот на оваа сезона пристигна во Атлетико од Манчестер Сити, не е невозможно Алварез веќе летово да го промени клубот, а Барселона сака тоа максимално да го искористи.
Во клубот проценуваат дека Алварез сигурно ќе чини над 100 милиони евра, но веруваат дека тоа би била мудра инвестиција, со оглед дека аргентинскиот напаѓач веќе неколку години игра на фантастично ниво.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Политано останува во Неапол до 2028 година

Евро-фудбал
Арсенал во наредните два месеци без Нони Мадуеке

Втора лига
Филип Мирчески е нов тренер на Победа

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
