Connect with us

Барселона го промовира Илкај Гундоган како ново засилување

Каталонскиот гигант Барселона го промовираше Илкај Гундоган како ново засилување. Тој потпиша двегодишен договор, со опција за дополнителни 12 месеци под услов да одигра повеќе од половина од натпреварите во втората сезона.


Во Барселона ќе заработува 9 милиони евра годишно, а отштетната клаузула ќе изнесува 400 милиони евра.


Играчот од средниот ред имаше понуда од Манчестер Сити да остане во клубот, но понудата беше само за една сезона, плус опција за уште една.


Гундоган е актуелен европски шампион откако со Манчестер Сити триумфираше во Лигата на шампионите минатата сезона. Тој одигра 304 натпревари за „граѓаните“ во текот на седум сезони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови