Connect with us

Барселона го продава Тер Штеген?

Искусниот германски голман Марк-Андре тер Штеген се наоѓа на излезна врата од Барселона, пренесува шпанскиот весник „АС“. Според изворот, управата на клубот предводена од Жоан Лапорта не го гледа повеќе како дел од иднината на клубот, и покрај тоа што тој минатото лето одбележа 10 години во клубот и ја доби капитенската лента по заминувањето на Серхи Роберто.

Иако Барса првично сметаше на неговото искуство како лидер на тимот на Ханси Флик, повреда го извади од ритам на стартот на сезоната, а клубот донесе замена во ликот на Војчех Шчесни, кој се врати од пензија. Сепак, полскиот голман не е главната причина за можна разделба со Тер Штеген.

Главниот план на Барселона, според „АС“, е да го направи 21-годишниот талент Жоан Гарсија прв голман, за кого се интересираат и други европски гиганти, вклучувајќи го и Реал Мадрид. Шчесни би бил резерва, а тоа би значело дека Тер Штеген би бил само трет голман, што е неприфатливо за играч со негов статус, договор и улога како капитен.

Со оглед на тоа што има важечки договор до 2028 година, Барса најверојатно ќе бара значителна отштета, што може да биде пречка. Сепак, самата желба на Тер Штеген да игра редовно, со оглед на Мундијалот следната година, би можела да биде клучен фактор за негов трансфер.

Тер Штеген пристигна во Барселона во 2014 година од Борусија Менхенгладбах и досега има 422 настапи за каталонскиот клуб во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови