Connect with us

Барселона без Педри е двојно „послаб“ тим

Барселона загуби од Алмерија (0-1) во Ла Лига, а претходно доживеа елиминација и од Манчестер Јунајтед (2-1) во Лига Европа. На двата меча, Чави Хернандез го немаше на располагање Педри.


Отсуството на Педри од составот на Барселона е предуслов за сериозни проблеми. Играчот од средниот ред моментно е повреден, а „Опта“ истакнува дека кога младиот Шпанец бил во тимот на Чави за натпревар од Ла Лига, Барселона освоила 90% од можните бодови. Тоа е 84 од можните 93 поени (27 победи/3 нерешени/1 пораз).

Во исто време, кога Педри не настапил на натпреварите во Ла Лига, стапката на успех на Барса паѓа на само 57% освоени поени – 31 од 54 можни (9 победи/4 нерешени/5 порази).

Играчот од средниот ред речиси сигурно нема да се врати на терените пред средината на март.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови