
Фудбалерот од средниот ред на Интер, Николо Барела, ја истакна огромната мотивација пред финалето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. И покрај тоа што според обложувалниците фаворит е францускиот шампион, Италијанецот не ја крие својата амбиција да се реваншира за поразот во финалето од 2023 година против Манчестер Сити.
„Мораме да дадеме сѐ од себе на теренот. По ваква сезона, заслужуваме финале за паметење“, изјави Барела.
Играчот на Интер потенцираше дека тимот е фокусиран и обединет како никогаш досега:
„Сакаме да победиме, да се жртвуваме еден за друг и за сите кои нѐ поддржуваат. Овие денови има многу мисли во главата, но мора да останеме фокусирани само на натпреварот.“
Барела истакна дека често сонувал за ново финале во Лигата на шампионите, нарекувајќи го тоа „детски сон“.
„Против Сити одигравме одлично, но не успеавме. Сега ќе бидеме повнимателни и ќе се обидеме да го донесеме трофејот дома – тоа е сон на сите нас“, вели тој.
Тој покажа голема почит кон противникот, Пари Сен Жермен.
„Средниот ред на ПСЖ е исклучително силен, како и целиот нивен тим. Но нашата најголема сила е колективот – тоа го докажавме против Барселона. Без тимски дух, не можеш да победиш таков противник.“
Барела откри дека пред финалето разговарал со својот сонародник и пријател Џанлуиџи Донарума.
„Си зборувавме вчера, но не за фудбал – зборувавме за семејството и за репрезентацијата. Имаме одличен однос. Се надевам дека ќе биде фер против нас.“
На прашањето за својата скромна голгетерска статистика, Барела одговори со доза на самоиронија: „Ако кариерата ми се оценуваше само по головите, немаше да изгледа многу добро. Но фудбалот е многу повеќе од голови. Секако, ако постигнам гол утре – уште подобро.“
Финалето меѓу Интер и ПСЖ се очекува со голем интерес, а на Барела и неговите соиграчи им претстои можност да испишат нова златна страница во историјата на клубот од Милано.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
