Connect with us

Баерн Минхен ќе прави голема „чистка“, заминуваат десетмина фудбалери

Баерн Минхен во последен момент стигна до шампионска титула во Бундес-лигата оваа сезона откако имаше огромна среќа, бидејќи Борусија Дортмунд не победи дома (2-2) против Мајнц. По ова следуваа откази за директорот Оливер Кан и за спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, а сега ќе има голема „чистка“ и во играчкиот кадар.


Жоао Кансело нема да остане, се враќа во Манчестер Сити од каде дојде на позајмица. Лукас Ернандез е цел на ПСЖ и сѐ поизвесно е дека ќе замине во родната Франција. Лирој Сане и Садио Мане беа вмешани во инцидент на крајот на сезоната во кој Мане со тупаница му ја ракрвави усната на Сане. Затоа нивната судбина во клубот е под знак прашалник.


Освен овие четворица, на листа на „отпишани“ на Томас Тухел има уште шестмина играчи.
Фудбалерите од средниот ред Горецка и Сабицер се уште се неизвесни, исто како и крилниот напаѓач Серж Гнабри. Ќе заминат и голманите Нубел и Зомер.


Десеттиот „отпишан“ е Бењамин Павар, кој исто така е голема желба на ПСЖ.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови