Изгледаше како поранешниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, да пронашол совршен нов предизвик кога во мај ја презеде клупата на Баер Леверкузен, потпишувајќи тригодишен договор. Но, соработката заврши изненадувачки брзо – по само две кола во Бундес-лигата. Сега во јавноста излегоа детали за неговата неверојатна отпремнина.
Според „Спорт Билд“, клубот ќе му плати речиси 6 милиони евра отпремнина, а заедно со платата за двата месеца, испаѓа дека Тен Хаг го чинел Баер Леверкузен околу 100.000 евра дневно.
Јасно беше дека наследувањето на Чаби Алонсо е тежок предизвик, но малкумина очекуваа толку брз и голем неуспех. Сега Тен Хаг повторно е во потрага по нов клуб, но со два отказа во помалку од една година, неговиот углед е сериозно нарушен. Сепак, сметката му е полна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













