Баер Леверкузен се раздели со новиот тренер Ерик тен Хаг по само два месеци соработка. Клубот во кратко соопштение потврди дека се разделува со холандскиот стручњак, кој беше на клупата од 1 јули.
Одлуката доаѓа по слаб старт на „аспирините“ во Бундес-лигата, пораз дома од Хофенхајм по пресврт и реми 3-3 на гостувањето кај Вердер, каде Баер Леверкузен прокоцка предност од два гола, иако речиси половина час играше со играч повеќе.
Клубот моментно минува низ длабоки промени: се раздели со повеќе ѕвезди и доведе речиси десетина нови фудбалери. Токму од Тен Хаг се очекуваше да го предводи процесот на реконструкција, но очигледно тоа нема да се случи.
И во летниот период на подготовки резултатите беа разочарувачки, вклучително и срамниот пораз со 1-5 во пријателски меч против младинците на Фламенго.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal













