Connect with us

Атлетико се договорил со Дарвин Нуњез, но последниот збор ќе го има Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез, се согласил да премине во Атлетико Мадрид, тврди „Кадена Сер“. Уругвајскиот репрезентативец имаше слаба сезона, а генерално не успеа да ја оправда инвестицијата од 85 милиони фунти што Ливерпул ја плати на Бенфика. Во првите две сезони постигна вкупно 33 голови, но оваа сезона под водство на Арне Слот има само седум погодоци.

Медиумите на Островот се уверени дека Ливерпул ќе го продаде летово.

Според „Кадена Сер“, претставници на Атлетико веќе имале разговор со самиот играч и добиле согласност од негова страна за сите услови што му ги понудиле. Сепак, сега следи потешкиот дел – договор со Ливерпул за трансферната сума.

Клубот од „Енфилд“ ќе се обиде да добие што е можно повеќе пари, за да ги намали финансиските загуби од трансферот на Нуњез пред три години и да го зголеми буџетот за летните засилувања. Во Ливерпул се чувствуваат релативно спокојни, бидејќи за Нуњез пристигнала понуда и од Саудиска Арабија, а интерес покажува и Наполи, кој е на чекор до титулата во Серија А.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови