Connect with us

Артета: Мора да ја завршиме работата добро до крај

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета зборуваше за медиумите во пресрет на финишот на сезоната во Премиер – лигата и трката за титулата.


Пред почетокот на првенството апсолутно никој не ги виде „топчиите“ во борбата за титулата, но на седум кола пред крајот на првенството се на врвот на табелата со четири бода повеќе и натпревар повеќе од актуелниот шампион Манчестер Сити.

Сепак, во последните две кола Арсенал загуби голема предност на табелата откако двапати играше 2-2 во натпреварите во кои водеше со 2-0 – против Ливерпул и Вест Хем.

„Да ги прашавте пред почетокот на сезоната, сите ќе кажеа дека Сити е фаворит, така што ништо не се промени“, изјави Микел Артета.

Дербито на сезоната е закажано за 26 април, кога Сити ќе го пречека Арсенал.

„Исто така, потребна е и среќа во вистинскиот момент. Многу е важно како размислувате за тоа. Задоволни сме од позицијата на која се наоѓаме. Мораме да ја завршиме работата правилно до крај. За да го направи тоа, секој треба да даде малку повеќе од себе“, изјави Артета.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови