
Во Арсенал се води сериозна внатрешна дискусија за можниот трансфер на крилниот играч на Реал Мадрид, Родриго. Шпанските медиуми веќе некое време пишуваат дека е многу веројатно Бразилецот да го напушти клубот ова лето, особено по заминувањето на Карло Анчелоти.
Од Островот пак доаѓаа информации дека Манчестер Сити и Челси подготвуваат понуда за Родриго, кој во секој случај ќе биде скапа инвестиција бидејќи Реал ќе бара најмалку 100 милиони евра за него.
Според „Марка“, Реал Мадрид ќе се обиде да го донесе Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, кој беше една од големите летни трансферни цели на Барселона минатото лето. Доколку трансферот се реализира, местото на Родриго во тимот на Чаби Алонсо ќе стане уште понесигурно.
Од друга страна, Арсенал исто така има интерес и за шпанскиот репрезентативец од Атлетик Билбао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Митровиќ се враќа во Премиер-лигата?

Евро-фудбал
Ѓокереш е нов напаѓач на Арсенал

Евро-фудбал
Кунде добива нов договор од Барселона
